Вардел Стефен Стеф Кари – „Човекот кој ја промени играта“

„Медисон сквер гарден“ секогаш било волшебно место. 55 поени на Џордан, 61 поен на Коби, петиот натпревар од финалната серија меѓу Њујорк и Хјустон во најлудиот ден во историјата на спортот (17. јуни 1994) или попознат како „О.Џ. Симпсон ден“, а од синоќа и местото каде Стеф Кари стана „бесмртен“. 

==========================================================================================================================

Вардел Стефен Стеф Кари, „Човекот кој ја промени играта“. Малиот на Дел своето деби во НБА лигата го имаше на 28. октомври 2009 година. Дали сте знаеле дека токму тој октомври пред 12 години на првото место на листата на Билборд се најде песната на Бритни Спирс „3“. Некои работи едноставно се судени. 12 години подоцна Стеф е најдобриот шутер во историјата на кошарката, а од синоќа тоа и го официјализираше откако го мина Реј Ален.

„Медисон сквер гарден“ секогаш било волшебно место. 55 поени на Џордан, 61 поен на Коби, петиот натпревар од финалната серија меѓу Њујорк и Хјустон во најлудиот ден во историјата на спортот (17. јуни 1994) или попознат како „О.Џ. Симпсон ден“, а од синоќа и местото каде Стеф Кари стана „бесмртен“.

Се сеќавам на 2011 година кога Реј Ален го урна рекордот на Реџи Милер. Бев средношколец и единствено нешто што сакав утрото е да стигнам на училиште и заедно со другарите да гледаме хајлајтс од мечот меѓу Селтикс и Лејкерс во кој Реј-Реј испиша историја. Денеска по скоро 11 години од таа 2010 веќе не сум тоа дете што мисли само НБА, а „палката“ ја препуштам на некои нови „клинци“ кои се надевам на одморите во училиштата истото го прават.

Џабар и Брд, Мајкл Џордан и Стеф Кари, тоа се кошаркарите кои што ја променија НБА. Првите ја спасија најсилната лига во светот од згаснување, вториот ја направи „религија“ во целиот свет, додека третиот е третиот успеа да ја промени нејзината суштина. Потсетете се пред 10/15 години како се играше. Некој играч ако земеше седум или осум шута за три поени по натпревар беше премногу, сега Кари знае многу лесно да „потегне“ и до 20.

Растеше со Дел Кари еден од најдобрите шутери за три поени во 90. години, кој му беше пример за тоа што треба да застане во животот. Не само што го достигна татко му, туку и го надмина и тоа за многу. Дел во цела кариера постигна „само“ 1245 тројки, а Стеф во моментов има 2977 поени. Снимката од „Ол-стар“ натпреварот 1992 година каде малиот Стеф гледа како татко му и Дражен ја „кинат“ мрежичката во натпреварот за три поени на еден начин ја претскажа судбината.

Денеска Стеф е најдобриот шутер на сите времиња и сигурен прв избор во „Куќата на славните“. Никогаш нема да биде дел од „Mount Rushmore“, но дефинитивно ќе биде запишен во историјата на спортот.

ЗАТОА ВО ТВОЈА ЧЕСТ СТЕФ ДЕНЕСКА НАЗДРАВУВА СЕКОЈ КОШАРКАРСКИ ЗАЉУБЕНИ, НАЗДРАВЈЕ ЗА УШЕ МНОГУ ТРОЈКИ!!! 

Се вчитува...