Гвардиола ги собори рекордите на престижните Фергусон и Клоп

Манчестер Сити синоќа го совлада Лидс со 7-0. „Граѓаните“ беа немилосрдни кон гостинскиот тим, а се чинеше дека можат да постигнат уште толку голови во мрежата на противникот. Сепак, ова беше доволно Пеп Гвардиола да собори уште еден рекорд на клупата на клубот од Манчестер.

Шпанецот по оваа победа стана „најбрзиот“ тренер, достигнувајќи 500 гола во Премиер лигата како менаџер на клупата на еден клуб.

На Пеп ова му успеа во 207 натпревари и сега е убедливо на првото место. На второто место е Јирген Клоп, кој стигна до бројката 500 на 234 натпревари на клупата на Ливерпул, трет е Алекс Фергусон, кому му беа потребни 265 меча со Јунајтед, четврти е Арсен Венгер со 500 гола по 271 натпревар со Арсенал и топ 5 се пополнува со Жозе Мурињо, а овој успех го постигна по 289 натпревари.

Сити моментално е прв на табелата со 41 бод, додека Ливерпул е втор со 37, а трет е Челси со 36, додека двата тима имаат натпревар помалку од лидерот во Премиер лигата.

Се вчитува...