Њукасл Јунајтед, клубот со најбогат газда во светот го очекува тежок предизвик во обидот да избори опстанок во Премиерлигата. „Црно-белите“ по 16 одиграни натпревари се наоѓаат на 19. место во елитата на англискиот фудбал со само 11 освоени бода.
Притоа во прилог на Њукасл не е ниту распоредот до крајот на календарската година со мечеви против Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Евертон, но во таборот на тимот владее оптимизам, а тренерот Еди Хау се надева дека неговиот тим може да им одземе бодови на фаворизираните тимови.
„Ќе биде тоа одличен тест за нас да видиме колкава е силата на овој тим. Мислам дека ќе научиме многу во следните натпревари. Мене ми е важно само да го видам напредокот, тимот да ги усвојува моите идеи кои се обидувам да го спроведам на дело. Мораме да бидеме перфектни, да направиме се како што треба бидејќи врвните тимови секогаш наоѓаат начин да стигат до три бода. Верувам дека имаме играчи кои можат да им направат проблем и да им одземат бодови“, изјави Хау.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА