Денеска со почеток во 18 часот во Нион, ќе се одржи ждрепката за третото натпреварување во Лигата на Нации, кое репрезентацијата на Македонија го стартува од Лигата „Ц“, откако во последниот натпревар од минатото издание беше поразена од Ерменија, која, пак, со таа победа си обезбеди учество во погорниот ранг „Б“.
Можни противници на Македонија се двата соседи Бугарија и Косово, додека Грција се наоѓа во ист шешир како нашата селекција. Покрај нив, можни противници се Турција, Словачка, Северна Ирска, Литванија, Грузија, Азербејџан, Гибралтар, Фарски Острови, и победниците од дуелите Казахстан – Молдавија и Кипар – Естонија, кои се играат во март 2022 година.
Македонија ова натпреварување го стартуваше од Лигата „Д“, од каде обезбеди учество на ЕП, и потоа се искачи во Лигата „Ц“, но второто издание од Лигата на Нации го заврши како втор на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА