Ракометарите на Пелистер имаат негатива од 13-17 на полувреме во дербито на македонскиот ракомет против вечниот ривал Вардар. Пред натпреварот од раководството на клубот побараа сите навивачи да дојдат со плишани играчи кои ќе бидат донирани на децата од ранливи категории.
Битолчани својата хуманост ја покажаа на дело и веднаш по завршувањето на првиот дел ти испратија стотици плишани играчки на теренот во арената „Боро Чурлевски“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА