Ракометарите на Охрид стигнаа до лесна победа на домашен терен против Радовиш од 34-23 во 15. коло од ракометната Суперлига на Македонија. Охриѓани добро го отворија натпреварот, го контролираа резултатот во текот на целото прво полувреме и на пауза заминаа со предност од пет гола (18-13).
Во второто полувреме качија во повисока брзина и на крајот стигнаа до убедлива победа од 34-23. Филип Кривокапиќ со шест гола беше прво име кај победникот, додека еден помалку постигна Наум Костов. Кај поразените се истакна Томче Трајчевски со седум гола.
Со овој триумф Охрид останува на седмата позиција на табелата со 22 бода, додека Радовиш е претпоследен со три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА