Дибиров постигна гол за реми и ги замолчи „Чкембари“ (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер и Вардар одиграа без победник 27-27 во второто големо дерби сезонава во македонската суперлига. Иако имаа негатива од четири гола на полувреме битолчани може да жалат што на крајот не дојдоа до полн плен, бидејќи имаа водство и напад на 30 секунди до крајот на мечот.

Прво одлично изреагира Анте Гаџа кој успеа да ја украде топката, а потоа да изнуди пенал кој во последната секунда го реализираше Тимур Дибиров. По постигнувањето на голот Дибиров се сврте кон навивачите на битолскиот клуб ставајќи го показелецот на носот, пробувајќи да ги замолчи.

 

 

Се вчитува...