Драмата од второто полувреме меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар (ВИДЕО)

Големото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар максимално ги оправда очекувањата, завршувајќи со нерешени 27-27, исход за кој можат да жалат и двата тима. „Вардарци“ бидејќи водеа речиси до самиот крај, а „пелистерци“ затоа што имаа „плус еден“ и напад на триесетина секунди до крајот, но со почетничка грешка ја загубија топката и му овозможија на Дибиров од пенал да донесе голем бод за „црвено-црните“.

Двата тима одиграа дерби натпревар за „десетка“ со вистинска борба и максимум на двете страни, нешто што и тоа како му беше потребно на мак ракометот. Погледнете ги Најинтересните детали од дерби мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

 

 

Се вчитува...