Филип Кузмановски и неговиот Хановер се елиминирани од Кил по продолженија (28-30) во осминафиналето од националниот куп на Германија. Хановер одигра неверојатно во регуларниот дел од натпреварот, но гостите на 10 секунди до крајот успеаја да постигнат погодок за израмнување 25-25 и да го одведат мечот во дополнителните десет минути.
Откако успеа големиот фаворит да се извлече во регуларните 60 минути, во продолжението успеа да го урне отпорот на домаќинот и да стигне до триумф од 28-30. Филип Кузмановски натпреварот го заврши со два гола од четири упатени удари кон противничкиот гол.
Жарко Пешевски и неговиот Штутгарт немаа сила да го изненадат Рајн Некар Левен од кого загубија со 35-30. Штутгарт играше „егал“ 50 минути со големиот фаворит, но поголемото искуство во последната шестина од мечот му ја донесе победата на Левен. Македонскиот интернационалец натпреварот го заврши со два гола од исто толку обиди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА