Митрески и Порто го решија и Агуас Сантас

Никола Митрески и неговиот Порто продолжуваат со „блескавите“ партии во новата сезона од поргуалскиот шампионат. Актуелниот шампион на Португалија стигна и до 14. победа во низа од стартот на новиот шампионат откако славеше на домашен терен над Агуас Сантас со 38-26.

Тимот кој е вистински хит годинава во Португалија и во моментов се наоѓа на третата позиција на првенствената табела, не беше достоен ривал за Митревски и соиграчите. Порто уште од самиот старт ја покажа разликата во квалитет и веќе на полувреме имаше убедливи 21-8. До крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 38-26.

 

 

 

Се вчитува...