Драган Николиќ предводникот на Борац Бања Лука имаше свое шоу на вечерашниот меч против Пелистер во АБА2 лигата. Српскиот тренер беше видно загорчен од играта на својот тим во првото полувреме во кое македонскиот состав имаше предност па не успеа да ги сокрие емоциите на тајм-аутот.
Николиќ со пцовки и погрдни зборови ги навредуваше кошаркарите на составот од Босна и Херцеговина, а откако ги „расчиси“ работите во второто полувреме фаворизираниот тим заигра на високо ниво и успеа да стигне до убедлива предност и нова победа.
Žestok minut odmora trenera banjalučkog Borca Dragana Nikolića. pic.twitter.com/8E4TcQPYlN
— Mondo.ba Sport (@MondoBiHSport) December 15, 2021
Популарниот Гаги е добро познат по своите испади за кои сведочевме и во нашето првенство додека беше предводник на Карпош Соколи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА