Македонската млада репрезентација, односно генерација 2002-2003 забележа триумф на првиот од двата предвидени пријателски натпревари против селекцијата на Косово. Стрелец на единствениот гол кој што значеше победа беше Луан Абази во вториот дел, поточно во 63. минута од средбата.
По првиот дел немаше голови, иако Македонија имаше неколку добри шанси, од кои едната беше сериозна, но не успеаја да го најдат патот до голот. Во второто полувреме младата селекција мирно ја „плетеше мрежата“ пред голот на противникот, а во 63. минута по една убава акција, Абази откосо стрелаше во мрежата на косовскиот национален тим.
До крајот на мечот главно се играше на средината на теренот. Македонија имаше шанса од слободен удар да зголеми, и неколку иведени корнери, но промена на резултатот немаше.
Вториот натпревар меѓу двете селекции се игра задутре.
ФОТО: ФФМ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА