Златко Хорват по година и пол помината во редовите на Металург заминува од Автокоманда. Искусниот хрватски репрезентативец кој пристигна како големо засилување, во пресрет на сезоната потпиша и нов две годишен договор, но истиот нема да се реализира во целост.
Хрватот од Металург заминува со стил откако го предводеше тимот до победа над Тиквеш со единаесет постигнати голови во противничката мрежа.
Информацијата за заминување ја соопшти претседателката на клубот, Зорица Блажевска, која му се заблагодари за сето она што го придонесе за Металург, a подоцна се опростија и соиграчите.
„Благодарам за се. Ми беше десна рака, поддршка од првиот ден до денес. Ова не е збогум, само довидување, знаеме и двајцата. Дотогаш среќно во нови животни победи“, напиша Блажевска на својот Инстаграм профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА