МЗТ Скопје стигна до нова победа на балонот во АБА2 откако славеше над Спарс со 77-87. Аеродромци одиграа одличен натпревар на двата дела од теренот, имаа целосна контрола на мечот и сосема заслужено ја продолжија победничката низа во регионалното првенство која сега брои четири триумфа едно по друго.
По мечот предводникот на „сино-белите“ Дарко Радуловиќ се осврна на лошите аспекти од играта, но вели дека и покрај нив аеродромци стигнаа до заслужена победа.
„Имавме ситуации кои ги решивме под кош, но и погодивме од надвор, ние сме шутерска екипа и за нас тој шут за три поени е едно од најважните оружја. Сакам да им честатам на Спарс за квалитетната партија. Одиграа машки и беа подготвени за овој натпревар. Гледам дека немам ниту еден поен во транзиција, и тоа е наша одлука во играта и е проблем, но добро успеавме да го добиеме мечот од други аспекти. Скокот ни беше проблем, но генерално ја имавме контролата на мечот и мислам дека заслужено победивме. Ни следи Ловќен тоа е сериозна екипа за која ќе се подготвиме па ќе видиме што ќе биде“, изјави Радуловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА