Реал Мадрид и Модриќ остануваат заедно до 2023

Лука Модриќ и Реал Мадрид се блиску до продолжување на соработката, пренесува добро упатениот шпански медиум „Марка“. Мадридскиот клуб е презадоволен од игрите на хрватскиот интернационалец па и покрај тоа што има 36 години ќе стави потпис на нов договор со важност до 2023 година.

Актуелниот договор на играчот за врска истекнува на крајот на сезоната што значи дека Хрватот веќе во јануари може да преговара за заминување од главниот град на Шпанја без обесштетување, но „кралскиот“ клуб не остава ништо на веројатноста и наскоро ќе го официјализира продолжувањето на договорот.

Модриќ во Реал Мадрид пристигна во 2012 година од редовите на Тотенхем во трансфер вреден 35 милиони евра, а досега одигра 409 натпревари во белиот дрес на кои 28 пати ја тресеше противничката мрежа, а 66 пати асистираше до своите согирачи, притоа освојувајќи четири титули во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...