Селекторот Кире Лазаров го скрати списокот за ЕП 2022 објавувајќи ја листата на играчи со кои Македонија ќе ги почне подготовките за претстојниот европски шампионат.
На списокот нема поголеми изненадувања, па иако ќе настапиме подмладени, се очекува товарот и на овој шампионат да падне врз оние најискусните, Лазаров и Миркуловски на бековските позиции, Стоилов како пивот и Никола Митревски како прв голман.
Подготовките ќе стартуваат на 22 декември (среда) со собир во хотелот „Александар Палас“, по што по завршувањето на собирот македонската репрезентација со организиран превоз ќе замине за Маврово каде ќе биде одработен првиот дел од подготовките.
Во подготвителниот период пред настап на Европското првенство MEN’S EHF EURO 2022 во Унгарија и Словачка, македонската селекција ќе одигра пријателски контролни натпревари со машките сениорски репрезентации на Кувајт и на Израел.
Натпреварите со Кувајт ќе бидат одиграни во рамки на првиот дел од припремиот период во Маврово на 27ми и 29ти Декември 2021 година, додека контролните натпревари со репрезентацијата на Израел ќе бидат одиграни во Скопје во Спортски центар Борис Трајковски на 03ти и 4ти Јануари 2022 година за време на вториот дел од подготовките во Скопје во период од 1ви до 11ти Јануари 2022 година.
Македонската репрезентација на Европското првенство ќе се натпреварува во група А заедно со националните селекции на Словенија, Данска и Црна Гора, натпреварите ќе бидат одиграни во FONIX ARENA во Дебрецен, Унгарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА