КОПА ДЕЛ РЕЈ: Реал Мадрид ќе бара „одмазда“ против Алкојано, Столе и Рајо против Мирандес

Реал Мадрид повторно ќе се сретне со третолигашот Алкојано во 1/16 финалето од шпанскиот Копа дел Реј. Тимот кој годинава во претходно коло го изненади Леванте на нашиот Енис Барди, минатата година токму во истата рунда славеше и над „кралскиот клуб“ со 2-1 по продолженија.

Избраниците на Карло Анчелоти годинава ќе имаат шанса да му се реваншираат на третолигашот за сензационалната елиминација од минатата сезона. Столе Димитриевски и Рајо Валјекано за противник го добија Мирандес, додека Барселона ќе игра со Минарес.

 

Се вчитува...