Пеп доби негативен тест – Ќе го води Сити на мечот против Њукасл

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола во петокот мораше да ја откаже прес-конференцијата бидејќи неговиот тест за коронавирус беше под знак прашалник.

Меѓутоа, тој направил нов тест кој е негативен па ќе може да го води својот тим на мечот против Њукасл кој се игра утре.

Натпреварот е на програмата од 15 часот, а во него ќе се сретнат првиот и претпоследниот тим на табелата во Премиерлигата.

За потсетување коронавирусот прави нови проблеми во Премиер-лигата, каде викендов поголемиот дел од мечевите се одложени.

 

Се вчитува...