Еуро Никел ја продолжи мизеријата на Ангели во кошаркарската лига на Македонија, откако го декласираше на гостински терен со 46-101. Гостите од кавадарци уште од самиот старт тргнаа со полна пареа и веќе по десет минути имаа предност од плус единаесет (16-27).
Разликата продолжи да расте и во втората четвртина и веќе на полувреме имаа огромни плус 30 (24-54). Натпреварот продолжи во еден правец и во второто полувреме. Гостите од Кавадарци не планираа да застанат и на крајот успеаја на Ангели да им „спакуваат 100“ поени и да ги совладаат со 46-101.
Тодор Златев со 17 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Деолски заврши со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА