И тоа го има во Турција – На дербито меѓу Галата и Башакшехир фудбалер доби два жолти картони за пет секунди (ВИДЕО)

Дерби натпреварит во турскиот шампионат скоро секогаш знаат покрај фудбалска убавина, да ни донесат и ситуации кои ретко можеме да ги видиме на терените во другите професионални фудбалски лиги во светот.

Така беше и на дербито меѓу Галатасарај и Башакшехир кое заврши без победник 1-1. Домаќините тргнаа во контра напад во самиот финиш на натпреварот. Дуарте стартуваше на некои 17 метри врз противничкиот фудбалер по што доби жолт картон и не чекаше ниту пет секунди за веднаш да тргне нервозно кон судијата, кој во истиот момент му го покажа вториот жолт картон и  го испрати во соблекувалната.

 

 

Се вчитува...