Миркуловски и Вецлар го „треснаа“ Кил

Филип Миркуловски со неговиот Вецлар стигна до голема победа над големиот Кил од 29-27. Домаќините одиграа неверојатно прво полувреме во кое на противникот му дозволија само девет гола и на пауза заминаа со плус три (12-9).

Во вториот дел се случи мал пад во играта кој гостите го искористија и во неколку наврати стигнуваа на минус еден, но сепак Миркуловски и соиграчите успеаја да се одбранат од налетот на противникот и на крајот да стигнат до конечен триумф од 29-27.

 

 

Се вчитува...