Андреј Магдевски и неговиот Плоешти загубија на гостувањето кај Динамо Букурешт во 12. коло од кошаркарската лига на Романија во еден неверојатно луд натпревар по три продолженија со 111-109. Македонскиот репрезентативец одигра одличен натпревар, но и тоа не беше доволно за победа на Плоешти.
Гостите слабо го отворија натпреварот и по првата четвртина имаа минус од тринаесет поени 28-15. Сепак, во продолжение заиграа далеку подобро и успеаја на крајот да го одведат мечот во продолженија (86-86). По две продолженија се уште не беше познат победникот на натпреварот, па третото беше клучот за минимален триумф на домаќините од 111-109.
Магдевски одигра одличен натпревар во кој уфрли 20 поени, надополнети со шест асистенции и два скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА