Барса се откажува од Демир уште во јануари

Младиот 18-годишен австриски интернационалец Јусуф Демир, нема да биде дел од Барселона во пролетниот дел од сезоната. Според доброинфомираниот весник каталонски „Спорт“, Барса ќе го врати Демир во Рапид,  и тоа шест месеци пред истекот на позајмицата, која е со важност до јуни 2022 година. Сепак, според информациите тука ќе заврши сонот за младиот австриец, па тој во јануари ќе замине од Барселона.

Сепак, австриските медиуми, пак, пишуваат дека Демир нема да се врати во Рапид, туку виенскиот клуб веднаш ќе го продаде. И тоа во Германија за кого заинтересирани се Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд, кои се подготвени да ја платат бараната сума од Рапид во износ од 10 милиони евра.

Барса имаше договор со Демир да може да го откупи неговиот договор токму од 10 милиони евра. Меѓутоа тимот на ЧАви сака да ослободи место за да може да се засили во јануари. Исто така уште некои играчи ќе го напуштат тимот во јануари, а се погласни се шпекулациите дека тоа ќе бидат Умтити и Кутињо, а на крајот од сезоната ќе се случи и мал „ремонт“ со оглед дека се најавени заминувања на Пике, Алба, Ленгле, Лук Де Јонг, како и продажба на некои играчи како што се Тер Штеген и Френки Де Јонг.

Се вчитува...