Еден од најдобрите играчи на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е исфрлен од тимот, пишуваат италијанските медиуми. „Туто Меркато“ пренесува дека односот меѓу фудбалерот и тренерот е многу лош.
Се наведува дека Маурисио Сари нема да смета на него на мечот со Венеција кој се игра во среда.
Сари наводно бил незадоволен од Милинковиќ-Савиќ, и тоа го пренел на претседателот. Лацио ќе се обиде да го продаде во летниот преоден рок, а доколку стигне некоја добра понуда, продажбата би можела да се случи и порано – во јануари.
📢🔵 Il rapporto tra Maurizio Sarri e Sergej Milinkovic-Savic è ai minimi storici. Il serbo può esser escluso già dalla gara contro il Venezia e l’addio alla #Lazio in estate sembra scontato (e occhio se dovessero arrivare maxi offerte a gennaio) @TuttoMercatoWeb
— Marco Conterio (@marcoconterio) December 20, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА