Леванте и во 18-то коло од Ла Лига ја продолжи црната серија откако испушти предност од два разлика, па на крај беше поразен на домашен терен од Валенсија со 3-4.
Домаќините го отворија натпреварот во 21. минута преку Хозе Кампана, а по само три минути Роџер Марти ја зголеми предноста на два гола разлика. На крајот од полувремето Валнсија намали на 2-1 преку Гонсало Гуедес во 44. минута.
И кога се чинеше дека по долго време Леванте ќе се израдува на победа и за момент ќе ја активира надежта за спас од последното место на табелата, тогаш на сцена настапи Карлос Солер, кој прво во 50 минута изедначи на 2-2, а веќе во 72. минута направи целосен пресврт постигнувајќи втор гол за водство од 2-3.
Гонсало Гуедес исто така уште еднаш се запиша како двоен стрелец на овој двобој, откако во 85. минута донесе предност од 2-4 запечатувајќи ја судбината на домаќините. Нашиот репрезентативец Енис Барди доби шанса дури во 77. минута, а во 92 минута, а веќе во 91. успеа да ја минимизира победата на Валенсија, успевајќи да намали на 3-4.
По овој пораз Леванте и понатаму останува на последната позиција во Ла Лига, додека Валенсија со 28 бода се наоѓа на 7-та позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

