Арсенал го враќа играчот кој пола година нема клуб?

Англискиот фудбалер Џек Вилшир, би можел одново да го облече дресот на Арсенал, и тоа шест месеци откако нема ангажман. Овој искусен фудбалер е без клуб откако последниот ангажман му беше во Бурнмут во кој настапуваше минатата година, но летоска не доби нов договор.

Вилишир своевремено беше еден од најголемите потенцијали на англискиот фудбал, тренира со „топчиите“ само да остане во форма, но очигледно дека Микел Артета во него видел нешто, па така сака да му понуди краткорочен договор, тврдат англиските медиуми.

29-годишниот Вилшир би требало да биде замена за Томас Парти и Мохамед Елнени кои ќе заминат на Африканскиот куп на Нации, па еден играч од типот на Вилшир добро би му дошол на Артета. Се очекува дека ќе потпише до крајот на сезоната, а потоа Арсенал да му го продолжи договорот доколку ги оправда очекувањата.

Се вчитува...