Атанасов импресиониран од преполниот „Пољуд“: Овие луѓе заслужуваат титула

Хајдук и Осијек во неделата одиграа натпревар кој заврши без голови, но она на кое сите обратија внимание е преполниот стадион и преку 30 илјади гледачи на „Пољуд“ во Сплит. Навивачите го бодреа Хајдук да дојде до победа, и да му се доближи на Динамо, а потоа во пролетниот дел да ја нападне и титулата која ја чека долго време.

Очигледно дека преполниот сплитски стадион го импресионираше и македонскиот репрезентативец Јани Атанасов кој што на својот Инстаграм профил објави слика од преполниот стадион со коментар:

„Овие луѓе заслужуваат титула“, стои во написот на Атанасов.

Откако дојде Дамбраускас за тренер на Хајдук, овој тим не знае за пораз, иако имаше неколку киксови во есенскиот дел, кој го чинеа губење на првото место. Така Динамо на Адеми и на Ристовски стана есенски првак, и влегува со предност од пет бода пред Хајдук кој е на четвртото место, а исто бодови како Динамо имаат и Ријека на Дарко Велковски, како и Осијек.

Се вчитува...