Американската скијачка Микаела Шифрин на доминантен начин стигна до победа на велеслаломската трка во Светскиот куп во алпско скијање која се возеше во францускиот Куршевел.
Американката до победата стигна со вкупно време од 2:15.35 минути, што беше за неверојатни 86 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Швеѓанка Сара Хектор. Подиумот го надополни Мишел Гизин која беше 1.08 секунда зад времето на победничката.
Утре исто така во Куршевел, Франција ќе се вози уште една велеслаломска трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА