Според инфорамциите од Турција, поранешниот селектор на Германија Јоаким Лев, би можел одново да биде тренер на Фенербахче. Тимот од Истанбул остана без тренер откако беше сменет Витор Переира поради слабите резултати на екипата.
Али Коч, претседателот на клубот е убеден дека може да го ангажира Лев. Тој веќе имал контакти со него, кој изразил желба да седне на клупата на тимот, кој го водеше во сезоната 1998/1999 година.
Исто така дополнителен адут за ангажман на Лев е Месут Озил, кој соработуваше со тренерот во германскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА