Австриската скијачка федерација соопшти денеска дека во австрискиот дел на 70-тото издание на новогодишната турнеја „Четири скокалници“, ќе има гледачи на трибините. Тоа значи дека на третата скокалница во Инсбрук, на трибините ќе има 4.000 гледачи, додека во Бишофсхофен ќе може да присустваат 3500 гледачи.
Од порано е познато дека поради коронавирусот, во германскиот дел од оваа турнеја во Оберсдорф и од Гармишпартенкирхен нема да има публика.
Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ почнува 29 декември, а титулата ја брани Камил Штох.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА