Неверојатен финиш ни донесе слаломската трка од сезоната во Светскиот куп во алпско скијање која вечерва се возеше во италијанскиот ски-центар, Мадона ди Кампиљо. Французинот Клеман Ноел имаше убедлива предност по првата трка, а беше убедлив и во втората се до последната капија која на крајот му пресуди.
Французинот имаше време цела секунда подобро за победа, но погреши на последната капија и поради тоа беше дисквалификуван. Сето ова најмногу му помогна на Норвежанецот Себастијан Фос Солеваг кој стигна до победата со вкупно време од 1:34.59 минута, што беше за десет стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Французин, Алексис Пантуро.
Подиумот го надополни Кристофер Јакобсен од Шведска кој доценеш 11 стотинки зад времето на победникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА