Еден од противниците на Македонија на Европското првенство 2022 година, Црна Гора со победа над Кувајт од 29-27 го стартуваше подготовките за континенталниот собир. Ракометарот на битолски Еурофарм Пелистер Мирко Радовиќ беше најдобар поединец во победничкиот тим со пет гола, а ист број на погодоци постигна и Бранко Вујовиќ.
Црна Гора и Кувајт вториот меѓусебен дуел ќе го одиграат на 24 декември, додека против Косово, Црногорците ќе играат на 26 декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

