Нема крај на проблемите за Фенербахче

Продолжуваат големите проблеми за турскиот кошаркарски великан Фенербахче. Во поразот од АСВЕЛ успеаја да изгубат и двајца важни кошаркари во ротацијат, Нандо де Коло и Јан Весели.

Де Коло натпреварот на мечот со АСВЕЛ ја скрши метакарпалната коска. Се работи за коска на шаката и за сега не е сигурно колку ќе отсуствува Французинот, но извесно е дека подолг период ќе мора да биде надвор од терените.

На истиот меч се повреди и Јан Весели. Чешкиот центар ги повреди лигаментите на скочниот зглоб на десната нога. Тежината на повредата ќе се знае во следните неколку дена, но ситуацијата е далеку подобра од таа на Фенербахче.

Се вчитува...