Барса ќе треба да плати 6 милиони евра за Димитриевски, ќе заработи и Гимнастик

Фотомонтажа

Ако Барселона сака да го ангажира Столе Димитриевски, ќе треба да му плати на Рајо шест милиони евра. Ова е наводната сума која стоела во договорот меѓу голманот и тимот од Мадрид како клаузула.

За да се случи трансферот на Димитриевски во Барселона „навива“ и неговиот поранешен клуб Гимнастик, кој исто така ќе заработи согласно договорот кој го има при трансфер од Гимнастик во Рајо Валјекано.

Актуелниот договорот на Димитриевски истекува во 2024 година. Ако Барселона е подготвена да плати шест милиони, тогаш ќе ја активира клаузулата од договорот и ќе може да влезе во завршни преговори.

Од клубот од Мадрид засега за шпанските медиуми брифираат дека досега не стигнала официјална понуда за нивниот голман. Сезонава Димитриевски се истакна токму против Барселона кога имаше неколку успешни интервенции, а згора на тоа одбрани и пенал на Депај, со кој ја донесе победата над големата Барса.

ФОТОМОНТАЖА: ЕКИПА

Се вчитува...