Менаџерот на Кристал Палас, Патрик Виеира не се согласува со ставот на Јирген Клоп дека Купот на африкански нации не е толку важен турнир како Европското првенство.
Турнирот во Камерун стартува во јануари, а голем дел од африканските ѕвезди кои играат во европските клубови нема да бидат на располагање за своите тренери. Тоа сериозно му пречи на Клоп, кој нема да може да смета на Садио Мане, Наби Кеита и Мохамед Салах, а Виера исто така има неколку фудбалери кои ќе бидат отсутни.
Сепак Французинот има сосема спротивно мислење од својот колега.
„Ги разбирам и ги почитувам фудбалерите кои сакаат да ја претставуваат својата земја. Никогаш нема да спречам играч да игра на Купот на африкански нации. Мислам дека овој турнир заслужува поголема почит, бидејќи е важно исто колку и Европското првенство“, вели Виера.
Кристал Палас во периодот додека трае Африканскиот куп нема да може да смета на Вилфрид Заха, Џефри Шлуп, Шеик Кујате и Џордан Ају.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА