Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник изјави дека овој клуб нема да смета на невакцинираните играчи, ниту да ги земе предвид невакцинираните фудбалери за време на јануарскиот преоден рок, бидејќи тие претставуваат закана за целиот тим.
Јунајтед вечерва гостува во Њукасл, а привремениот менаџер на клубот се осврна на актуелните теми пред преодниот рок и го сподели своето мислење со својот колега од Ливерпул, Јирген Клоп.
„Можете да го добиете вирусот дури и ако сте ја примиле третата доза од вакцината. Ако не сте заштитени, ризикувате да имате посилни симптоми и ќе ви треба повеќе време да се опоравите, но има случаи кои завршуваат и со смрт. Огромното мнозинство од нашите играчи беа вакцинирани и имаа благи симптоми“, изјави Рангник пред гостувањето во Њукасл.
Натпреварот на „Сент Џејмс Парк“ започнува во 21 часот и е единствен на програмата овој понеделник во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА