Раиола го „пецна“ Јунајтед, во Англија постои само еден клуб кој е во игра за трансфер на Халанд!

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд не е голем фан на Премиер-лигата и би сакал да замине во Шпанија, пренесува доверливиот италијански новинар Џанлука ди Марсио. Гигантите од Манчестер се во „битка“ за норвешкиот напаѓач, но Халанд најверојатно не би заминала на Островот, а ако може да избере, повеќе би сакал да оди во сончевата Шпанија, неговата омилена лига во Европа.

Тоа значи дека голгетерот на Борусија ќе избира помеѓу преселба во Реал Мадрид, клуб на кој му е потребна достојна замена за Карим Бензема, бидејќи францускиот напаѓач следната година ќе наполни 35 години, а во игра е и Барселона.

За шансите Халанд да ја промени средината на лето проговори и неговиот агент Мино Раиола.

„Баерн, Реал, Барселона и Сити се клубови каде што може да оди Халанд. Сити во последно време освои пет Премиер-лиги, значително повеќе од Јунајтед. Кога пристигна во Дортмунд, знаевме дека следниот чекор е на повидок”, заклучи Раиола.

Се вчитува...