Битолските проектили го торпедираа МЗТ Скопје – Пелистер останува перфектен во Првата лига

Пелистер ја потврди надмоќта на домашната кошаркарска сцена откако лидерот на табелата во дербито на гостински терен го декласираше шампионот МЗТ Скопје со убедливи . „Пелистерци“ одиграа беспрекорен офанзивен меч во кој шутот од далечина ги служеше извонредно, избраниците на Илиевски погодија дури 19 тројки и го наполнија кошот на аеродромци, кои не најдоа одговор за ова оружје на противникот.

Дербито почна со беспрекорна офанзивна игра на „пелистерци“, кои предводени од одличниот Ѓуроски набрзина стигнаадо двоцифрена предност. Битолчани стигнаа до најубедливи „плус четиринаесет“ (12-26), но потоа влегоа во серија промашувања, избраниците на Марјан Илиевски не реализираа во последните три минути од четвртината и на крајот од премиерниот период резултатот гласеше 19-26.

Проблемите на гостите продолжија и вовторото полувреме, во кое МЗТ дополнително ја истопи предноста на „пелистерци“. Судијата Феревски со две технички грешки на Малешевиќ (за приговор) и на Караџовски (за флопинг) помогна МЗТ да стигне во водство, аеродромци во финишот од четвртината одиграа фуриозно, имаа и „плус осум“, пред Стајиќ со тројка со звукот на сирената да намали на 44-39.

Третиот период донесе беспрекорно шутерско шоу на гостинските кошаркари. „Пелистерци“ за десет минути погодија дури седум тројки (по две Младеновиќ, Караџовски и Малешевиќ, една Кесар). Ваквата прецизност овозможи и нов резултатски пресврт, па битолчани во последната четвртина влегоа со предност од убедливи 61-70. Самиот почеток од четвртата четвртина донесе и ново водство од 14 поени за Пелистер (61-75), но МЗТ со тројката на Мекиќ и положувањето на Дамјан Стојановски ја спушти разликата под десет.

„Металците“ успеаја дополнително да ја намалат негативата до 70-75, но Пелистер се разбуди во вистински момент и со нови две тројки, на Малешевиќ и Стајиќ повторно стигна до двоцифрена позитива (70-81). Следеа уште две нови тројки, со кои Пелистер ја запечати убедливата победа и обезбеди перфектни 12-0 на стартот од оваа прволигашка сезона.

Игор Кесар беше најдобар поединец на натпреварот со 30 поени, по 14 реализираа Малешевиќ и Стајиќ, а поени постигна Стојан Ѓуроски. Дамјан Стојановски со 16 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје, а 12 поени постигна Милошевиќ.

Се вчитува...