Италијанецот Доминик Парис е победник на домашната спуст трка која денеска се возеше во Бормио. Италијанецот до победникот стигна со време 1:54.63 минута, што беше за 24 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Швајцарец, Марко Одермат.
Подиумот го надополни вториот Швајцарец, Нилс Хинтерман со заостанување од 80 стотинки зад времето на победникот.
Теса Ворли пак беше најдобра на велеслаломската трка во австриски Линц. Французинката до победата стигна со вкупно време од 2:03.88 минути, што беше за 30 стотинки подобро од второпласираната Петра Влхова од Словачка. Третото место и припадна на Сара Хектор од Шведска. Водечката во генералниот пласман Микаела Шифрин не настапи на денешната трка бидејќи е позитивна на Covid-19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА