„Сигурно се сеќавате на легендарниот…“ – Абебе Бикила – Човекот кој бос трчаше маратони, а доби своја улица и во Белград (ФОТО+ВИДЕО)

Абебе Бикила (Јато, 7 август 1932 — Адис Абеба, 25 октомври 1973) бил етиопски атлетичар, двапати олимписки победник во маратон. Абебе Бикила станал национален херој по освојувањето на златниот медал на Летните олимписки игри во Рим во 1960 година, поставувајќи светски рекорд со време од 2:15:16 часа.

Вториот пат тој триумфирал на Игрите во Токио 1964. Иако само 6 недели пред игрите имал операција на слепото црево, сепак повторно победил со нов светски рекорд 2:12:11 часа.  секунди. Бикила настапувал и третпат последователно на Олимписките игри во Мексико Сити 1968 година, но повеќе не бил во победничка форма т.с. застанал по претрчани 17 километри.

Со секој свој настап Бикила тој го воодушевувал светот, а најлегендарна е трката токму на игрите во Рим каде златниот медал го освои трчајќи бос. Наводно така се навикнал да трча, т.с. не се чувствувал добро кога трчал во какви било обувки. Сепак, на следните игри ги прифатил обувките.

Победата во Токио дошла по оздравувањето од операцијата 6 седмици порано, која многу влијаела на планот за тренинг и подготовките. Сепак, Бикила бил толку супериорен што по истрчувањето пред целта некое време ја забавувал публиката правејќи различни скокови и други вежби, додека негови конкуренти влегувале во целта целосно исцрпени.
На игрите во Мексико не бил во форма поради високата надморска височина на кое се одржал маратонот. Сепак, со својата поддршка му помогнал на својот репрезентативец Мамо Волдеу да дојде до победа и да ја задржи доминацијата во Етиопија и во маратонските трки.

За жал, Бикила не уживал долго време во добро заслужениот статус на спортска легенда и национален херој во Етиопија. Тој доживеал сообраќајна несреќа во 1969 година, а потоа останал парализиран од половината надолу. Неколку години подоцна од компликациите на оваа повреда починал. Во негова чест, стадионот во главниот град на Етиопија, Адис Абеба бил именуван по него. Улицата во Белград во областа на Алтина исто така го носи неговото име.

 

Се вчитува...