Добра вест за Лацио: Имобиле е негативен на Covid 19 и се враќа во тимот

Напаѓачот на Лацио Чиро Имобиле, се враќа во комбинација за Лацио за дуелот со Емполи, откако доби негативен тест на коронавирус. Италијанскиот репрезентативец беше позитивен на тестот пред една недела, и ги пропушти натпреварите против Џенова и против Венеција.

Имобиле веќе од денеска ќе се вклучи во тимот на Лацио, откако добил дозвола од медицинските лица да се врати на тренинзи.

Имобиле втор пат беше позитивен на коронавирус од почетокот на пандемијата. Оваа сезона голгетерот постигна 16 гола во 21 одигран меч за Лацио во натпреварите од Серија „А“ и Лигата на Европа.

Се вчитува...