Бразилскиот фудбалски репрезентативец, Габриел Барбоса, би можел да направи кам-бек во Европа и во јануарскиот преоден рок да премине во англискиот премиерлигаш Њукасл јунајтед, пренесуваат британските медиуми.
Англискиот тим кој неодамна доби нови богати сопственици, ќе се обиде во јануари да го освежи драстично ростерот и да остане конкурентен во битката за опстанок. Барбоса се споменува како едно од првите засилувања. Бразилецот кој во моментов е дел од Фламенго во Европа настапуваше во Интер и Бенфика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА