Дефанзивецот на Фенербахче, Атила Салаи би можел да се пресели во Наполи, и да ги следи стапките на Елиф Елмас. Фенербахче бара за неговите услуги 20 милиони, додека Наполи е подготвен да плати 15 за стоперот, кој би бил замена за Манолас кој се врати во Олимпијакос.
23-годишниот унгарски интернационалец има договор со Фенер до 2025 година. Освен Наполи, за него се интересира и Милан, додека Челси се откажа од трката за неговиот потпис.
Наполи не е подготвен да ја плати целата сума, а не е подготвен ниту Милан кој разгледува опција за позајмица до крајот на сезоната, а потоа откуп за истата сума од 20 милиони. Исто така на „мета“ на Милан е стоперот на ПСЖ Абду Диало. Милан бара стопер замена за Симон Кјер кој што ќе паузира до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА