Барселона тешко дека ќе може да состави и „крпен тим“ за претстојниот дуел од Ла Лига против Мајорка откако денешниот ден донесе и три нови позитивни случаи на коронавирус во таборот на каталонскиот гигант.
Кутињо, Дест и Ез Абде се најновите играчи кои се најдоа на листата фудбалери кои се во самоизолација откако добија позитивни резултати на синоќешните тестови.
Од претходно позитивни беа и Дани Алвеш, Алба, Ленгле, Гави, Умтити и Балде, а повредени се Фати, Депај, Роберто и Бреитвајт, па јасно е со какви проблеми се соочува Чави, кој ќе мора да повика осум фудбалери од младинската школа за да обезбеди „кворум“ во составот за дуелот со Мајорка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА