Кошаркарите на Црвена Звезда загубија на домашен терен од Зенит по продолжение со 76-80. Белграѓани имаа два напада да стигнат до триумф во регуларниот дел од мечот, но откако не успеаја да ги реализираат рускиот тим со подобра игра во дополнителните пет минути стигна до многу важна победа.
Поранешниот член на „црвено-белите“, Били Берон беше енигма за домашниот тим со 25 поени, 6 асистенции и 4 скока, додека Црвена Звезда ја предводеше Нејт Волтерс со 21 поен, 6 асистнеции и 5 скока.
Барселона пак го претрпе третиот пораз во сезоната откако загуби на гостувањето кај Басконија со 94-75. Клучна за мечот беше третата четвртина која им припадна на домаќините (34-20), а гостите не успеаја да се вратат во мечот од високата негатива.
Рокас Гиедраитис беше лидер на Басконија со 20 поени и 3 скока, додека Никола Миротиќ беше најрасположен кај гостите со 19 поени и 4 скока.
На победа се радуваше и Уникс кој во првиот меч денеска го го совлада актуелниот шампион Ефес со 75-67. Браун беше првото име кај домашниот тим со 20 поени и 3 скока, додека Ларкин ги предводеше гостите со 17 поени и 9 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА