Проблемите со омикрон видот на коронавирус продолжуваат во НБА лигата, па затоа тимовите секојдневно потпишуваат нови играчи.
Последни на списокот се Мајами Хит кои се решија во своите редови да го вратат Марио Чалмерс, играч кој беше дел од последните две титули на тимот од Флорида. Тој ќе потпише десетдневен договор нешто што го прават сите играчи овој период.
Покрај Чалмерс од Хит ќе биде дел и Ник Стаускас кој исто така потпиша десетдневен договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА