ФК Аеродром со полни торби подароци за дечињата од СОС-детско село (ФОТО)

Иако релативно млад на домашната фудбалска сцена ФК Аеродром од Скопје демонстрира повеќа од сериозна општествена одговорност вклучувајќи се во хуманитарни активности и за новогодишните празници.

Членови на раководството на клубот и дел од фудбалерите на тимот пред почетокот на новата 2022 година, го посетија СОС-детското село носејќи подароци за сите дечиња. На тој начин само уште еднаш потврдувајќи ја својата хуманитарна нишка како клуб.

„Новата година носи нови почетоци, радости, предизвици.Секој секому посакува се најубаво. Но има деца кои немаат исполнето детство како нашите деца. Токму затоа ФК Аеродром организираше хуманитарна акција под мотото ‘Секое дете заслужува среќа’. Играчите на ФК Аеродром донесоа плишани играчки, скромниот собран број ги дониравме на децата од СОС детско село на кои многу им значи вниманието за Нова Година. Доделивме и неколку фудбалски топки како симбол на спортскиот дух кој го негуваме. Нашите деца се заслужни за нечија насмевка. Нашите деца се наша иднина, клубот ќе се стреми и понатака да организира хуманитарни акции“ – истакнуваат од ФК Аеродром.

 

Се вчитува...