Алваро Мората е се подалеку од преселба во Барселона откако Јувентус ја одбил понудата на каталонскиот гигант, во директна размена за Мората да го добие Мемфис Депај.
Чави сака да го види Мората како предводник на нападот на Барса уште во јануари, но голгетерот се уште е под договорот под Атлетико Мадрид. Клубот на Симеоне ќе треба да плати 40 милиони евра за да го откупи Гризман од Барса и беше најавено „пребивање“ на овој долг, но за целата ситуација сепак се прашува и Јувентус.
„Старата дама“ го има Шпанецот на позајмица до крајот на сезонава, а откако го продаде Роналдо пред самиот крај на летниот преоден рок, сега Алегри има недостиг од врвни голгетери во тимот. Јувентус нема намера да го пушти Мората да си замине доколку не донесе адекватна замена, но на пазарот нема премногу врвни напаѓачи на почетокот од 2022 година.
Барса се обидела како „мамец“ да го искористи Мемфис Депај, кој не се вклопува во тактичките замисли на новиот тренер, но одговорот на Јуве бил јасен – „старата дама“ не е заинтересирана за холандскиот напаѓач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА