„Самоубиство“ на Арсенал, Сити ита кон нова титула

Манчестер Сити со многу среќа и со судиска помош стигна до триумф над Арсенал од 1-2 во премиерниот дуел од 2022 година, единаесетта победа во низа за тимот на Пеп Гвардиола, кој уште повеќе се зацврсти на чело на табелата.

Арсенал прв дојде во водство од 1-0 со голот на Сака, а „топчиите“ сигурно ќе бидат бесни на арбитрите поради недосудениот пенал од Едерсон врз Одегард. Сити израмни во второто полувреме, и тоа од пенал досуден со ВАР, откако Џака го повлече за дрес Бернардо Силва.

Лудилото продолжи по тој гол, една минута подоцна Арсенал имаше стопроцентна шанса, Аке ја спаси топката од самата гол-линија, потоа на неа натрча Мартинели, кој од идеална позиција шутираше непрецизно. Една минута по тоа промашување, Арсенал остана со играч помалку откако Габриел го заработи и вториот жолт картон поради старт на средината од теренот врз Габриел Жезус.

Сити не доминираше, но сепак успеа да ја искористи предноста од играч повеќе во судиското продолжение, кога Родри се најде на вистинското место и од десетина метри го матираше домашниот голман.

Се вчитува...