Јирген Клоп нема да може да го води Ливерпул на утрешното дерби против Челси откако германскиот стратег бил позитивен на вчерашното тестирање на коронавирус.
Клоп се појави на вчерашната прес-конференција и објави дека има тројца новозаразени фудбалери, по што врз сите останати беа извршени нови тестови. Изненадувачки, токму оној на Клоп дал позитивен резултат на Covid-19, што значи и автоматска самоизолација.
Од Ливерпул објавија дека тимот на дербито во Лондон ќе го води неговиот асистент Пеп Лијндерс, воедно и дека клубот воопшто не испратил барање до Премиер-лигата за одложување на натпреварот на „Стемфорд бриџ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

